Се бара помош за опожарените станови во Кисела Вода

Од:

На социјалните мрежи се бара помош за жителите од Кисела Вода чии станови изгореа во стравотниот пожар во зграда во близината на Расадник пред дваесетина дена.

Пожарот се разгоре од стан на петтиот кат, но зафати и неколку други станови на истиот и на погорниот кат од објектот. Дел од семејствата немаат каде да престојуваат, па три семејства се сместени во студентскиот дом „Пелагонија“. „А1он“ веќе ја пренесе сторијата за Милена Стевчевска, од чиј стан се разгоре стравотниот пожар и која очајно бара помош, но помош е потребна и за други лица чии живеалишта настрадаа во огнот.

„Еден од оние кои изгореа целосно му припаѓа на мојот пријател Богдан Мариновски. По две недели поминати во болница, поради преголемо вдишување јаглерод моноскид и други опасни гасови што ги има во чадот, тој моментално престојува во привремено живеалиште, и се обидува да го рехабилитира својот дом. Но, бидејќи се работи за целосно уништен простор, со опжарени ѕидови и изгорена покуќнина, односно за штета која се мери во десетици ијлади евра, не е во состојба самиот да го стори тоа. Потребна му е помош, од било кој вид. Ние индивидуалците може да помогнеме со макар симболична парична помош, која доколку се собереме во доволен број, секако ќе биде значајна, а компаниите, покрај парични средства, може да донираат материјали или да помогнат во реновирањето на станот. Станува збор за голема несреќа, во која би било убаво да се покаже нашата граѓанска хуманост“, пишува еден од пријателите на Мариновски на социјалните мрежи.

Средствата може да се уплатат на следната жиро-сметка за донации:
Михаил Мариновски
Сметка: 210501639599294
Тутунска банка
Цел на дознаката: Донација за Богдан Мариновски

За донации од странство дадени се следните кодови:
IBAN Cod: MK07210501639599294
SWIFT: TUTNMK22

Од Општина Кисела Вода велат дека веднаш после пожарот  биле ангажирани петнаесетина сезонски работници, со соодветна опрема, за да биде изнесен отпадот од опожарените станови.

„До денешен ден собрани се околу 15 тони кабаст отпад. Во Студентскиот дом Пелагонија до сега се сместени 3 семејства. Периодов ги чекаме сите граѓани кои беа загрозени од пожарот да достават барање до Општината за еднократна помош, за да би можеле веднаш да ја ставиме како точка на вонредна седница и да ги исплатиме средствата. Во тек се преговори со повеќе компании од овој дел на градот кои ќе ја покажат својата општествена одговорност и ќе им помогнат на граѓаните кои претрпеа штета откако тие ќе ја достават потребната документација“, велат од општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во најголемата фабрика за батерии во светот

Горан Наумовски

Се запали една просторија во Поликлиниката Чаир, нема повредени

Маж и жена починаа во пожар во Крива Паланка

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп: Пожарите во Калифорнија се разорни, мислам на луѓето, се молам за нив

(ВИДЕО) Се појави огнено торнадо во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес