Се бара институционална гаранција за објавување на законот за јазици во „Службен весник“

Од:

Се бара институционална гаранција за објавување на законот за јазици во „Службен весник“. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека не станува збор за индивидуално прашање и дека не е само прашање кога ќе го потпише и испрати во „Службен весник“ туку, според него, важно е законот да може да се објави и спроведе. Џафери на брифингот со новинари не одговори кога ќе го испрати законот.

„Не се работи само за потпишување, не станува збор само за индивидуално прашање туку за институционално. Треба да се најде форма на реализација. Нема кршење на Уставот ако законот се испрати до ‘Службен весник’ само со мојот потпис. Јас сум овластен да го потпишам указот, а фактичка состојба е дека претседателот Иванов со неговото непотпишување го крши Уставот“, рече Џафери.

Тој го повтори ставот дека ќе го испрати законот во текот на следниот период, без да прецизира кога, и рече нема рок до кога треба да го стори тоа.

На новинарско прашање зошто брзале со носење на законот, а сега мнозинството не брза со неговото објавување, Џафери рече дека законот не е донесен набрзина туку за него имало долга и опсежна дебата.

Пратениците го изгласаа законот за јазици во јануари, а Иванов оттогаш одбива да го потпише затоа што, според него, е неуставен. Според него, законот на начинот на којшто е напишан, но и изгласан, ќе предизвика целосна блокада на работата на институциите.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски