Се асфалтираат улиците во поранешната касарна во Битола

Од:

Интензивно се работи на реализацијата на проектот со кој ќе се обезбеди комплетна инфраструктура на просторот на поранешната касарна во Битола. Денес, асфалтирањето започна од улицата СРУ 7 во АРМ 1, а со завршувањето на комплетната инфраструктура на улиците во АРМ 1 и АРМ 2, станбените и индивидуалните објекти, ќе се поврзат со улиците од градското подрачје. Со тоа локалната самоуправа ќе го реши долгогодишниот проблем на инвеститорите од овој дел на градот, кои и покрај платените средства за комунални услуги, немаа можност да добијат соодветно инфраструктурно поврзување, а последиците од тоа ги трпеа и жителите на станбените објекти од оваа, нова населба во Битола, велат од Општината.

„Со договорот за кредитот за комплетна изградба на инфраструктурата во поранешната касарна и анексот на договорот, се обезбедува водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, улично осветлување и асфалтирање на улиците, со што овој урбан дел ќе ја добие потребната инфраструктура, која за истиот е од витално значење.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 155.000.000,00 денари, за реализација на комплетна инфраструктура на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2, а истите ќе бидат завршени оваа градежна сезона“, се вели во соопштението на Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски