„Гемиџиите“ тргаат на четири дневна регата по Вардар, од Велес до Гевгелија. Стотина учесници со 8 гумени чамци, 6 кајаци и еден дрвен сплав-гемија,ќе пловат во чест на големото дело на Солунските атентатори и 20 години од создавањето на Армијата на Република Македонија.
Буџетот на 13-та Вардарска регата „Гемиџии“ е 300.000 денари, средства кои се обезбедени од страна на буџетот на Општина Велес предвидени за оваа активност.
Оваа манифестација, уште еднаш ќе потсети на големото дело на групата напредни млади Македонци, познати под името Велешки гемиџии, кој во 1903 година за да го свртат вниманието на европската и светската јавност за тешкиот живот на македонскиот народ под турско ропство, во Солун ги дигнаа во воздух Отоман банката, електричната централа, железничката станица, бродот Гвадалхивирр со што на сите им кажаа дека Македонија постои и секогаш ќе постои.
Преку Вардарската регата ќе им биде оддадено признание и на сите оние кои ги положија своите животи за Република Македонија, за сите оние што не се штеделе и се арчеле за Македонија. Затоа и мотото е „Се арчиме за Македонија“.