СДСМ: Зошто заменик министерот држи партиски прес-конференции?

Од:

СДСМ реагира на прес-конференцијата на Сашо Лазаровски, заменик министерот за локална самоуправа во својство на партиски портпарол.

Во партиското соопштение се наведува дека „колку и да се труди власта не може да се оправда за луксузирањето и расфрлувањето со народните пари. Кратат од здравството и образованието за да трошат на огради, споменици и реклами.

-Актуелната власт заклучно со 2012 година, преку државниот буџет потроши 18 милијарди евра народни пари, или троши една милијарда евра повеќе годишно од сите претходни влади.

Резултатите се очајни, Македонија стана светски првак во економско-социјална мизерија, царува корупцијата во државните институции, стопанството се гуши во неликвидност, има рекордна сиромаштија и невработеност.

Во интерес на стопанството ќе беше покорисно ВМРО-ДПМНЕ денес да објави колку милиони евра Владата на Груевски им должи на пример на фирмите кои го градеа градскиот стадион.

Конечно, за тоа што градел и гради СДСМ, најдобро знае токму Сашо Лазаревски кој секојдневно во Карпош ги гледа над 500-те инфраструктурни објекти кои се реализирани за три години, без никаква поддршка од централната власт“, стои во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“