СДСМ: Зошто на ВМРО-ДПМНЕ толку и пречи зајакнатата меѓународната позиција на Македонија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и со тоа да работи на штета на граѓаните и на Република Македонија. Претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев во интервјуто за Ројтерс ги повтори досегашните ставови коишто и се познати на јавноста и соопшти предлози кои се со географска одредница и кои доаѓаат од медијаторот Метју Нимиц.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се информира дека новинската агенција Ројтерс ја исправи својата објава и сега е целосно јасно дека се работи за предлози коишто Македонија не ги предлага, туку ги разгледува, како и дека станува збор за потрага на решение без да мора да се менува Уставот на Република Македонија.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот на Република Македонија. Поради штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија со години беше изолирана држава со урнисана меѓународна позиција. За разлика од тоа, денес светските медиуми Македонија ја опишуваат како држава којашто шири пријателство и соработка наместо конфликт, а Ројтерс, Шпигел, Еуроњуз и Фајненшл Тајмс, се само дел од медиумите кои се заинтересирани за напредокот што Македонија го остварува во домашните реформи, меѓународната политика и во решавање на спорот со Република Грција.

Зошто на ВМРО-ДПМНЕ толку и пречи зајакнатата меѓународната позиција на Република Македонија?“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски