СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од:

Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200.

Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат.

МВР, Тошковски и Јанчев мора да ги одоговорат:

Зошто воопшто е дозволено настанот да започне и да влезат 700 луѓе кои со тоа се ставени во ризик од нова трагедија?

Зошто и покрај тоа што јасно ги прекршиле безбедносните протоколи организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност?

Дали дискотеката ги запазила сите прописи, дали е регистрирана како ноќен клуб и кабаре, дали вака не е потенцијал за ново Кочани?

Дали ништо не научија МВР и Тошковски повторно дозволува да се случуваат ризични настани по безбедноста на граѓаните како оној во Кочани?

Дали МВР намерно дозволиле повеќе часови да се одржи настанот па дури потоа го прекинале?

Според информациите полицијата го прекинала настанот дури после полноќ односно во 00:10 часот откако тој со часови бил преполн од гости.

СДСМ бара итно да се отвори истрага и да се санкционираат сите кои дозволиле да се случи настанот, од МВР кои ништо не презеле па се до организацијата.

Тошковски мора итно да излезе и да одговори и да понесе одговорност, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ