СДСМ: Зошто Курир молчи по прашањето за тоа како се финансира?

Од:

„Курир” веќе 12 дена молчи и избегнува да даде одговор кој и на каков начин го финансира.

Објективното, неселективното и транспарентното работење се клучни клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Јавноста и граѓаните дознаа за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”.

Молкот на „Курир“ отвара сериозен сомнеж за начинот на негово финансирање.

Особено имајќи ја во предвид поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на „Курир“, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма е сопственик на радиото Слободна Македонија, а сопственик е и на К-Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата  на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков, поранешниот директор на УБК ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Како и на кој начин„Курир“ стекнал приход од 1,3 милиони евра? Зошто „Курир“ молчи?

Наместо молк и креирање на вести кои немаат допирна точка со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира „Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните