СДСМ: Зошто „Курир“ крие на кој начин се финансира?

Од:

„Петти ден молк во “Курир” на прашањата кој и на каков начин го финансира.

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир.”

Што крие „Курир“?

Дали “Курир” сака да ја сокрие поврзаноста на фирмата сопственик на “Курир” ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП?

Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во земјава, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Стајковиќ освен до Мијалков, близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле и воедно кумашин на Сашо Мијалков. Истиот Стајковиќ фигурира и како директор во фирмата Мобико, каде што сопственик е Жарко Луковски.

НВСП покрај сопственик на радиото Слободна Македонија се јавува и како сопственик и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и објективно известување.

Зошто “Курир” крие на кој начин се финансира?

Со недели нема одговор ниту на прашањето што навистина е “Курир”, информативната агенција, интеренет портал, агенцијата-партија?

Никола Груевски и фамилијата на власт најголем проблем имаат со вистината. Затоа им е потребен “Курир.”

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Касами: Работната група за менување имиња на улици ќе работи и без учество на СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на Синдикатите дека е како портпарол на СДСМ

(ВИДЕО) Костовски: Ова се сметките од гозбите на Кочоска и Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукаревска: Поднесуваме закон за покачување на платите до 15.000 денари за 400.000 работници

Горан Наумовски

Шукова: Минимална плата од 500 евра за спас на стандардот на работниците