СДСМ: Зошто Курир 15 дена крие на каков начин се финансира?

Од:

„Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Но, затоа петнаесет дена провладиниот “Курир” молчи кој и на каков начин го финансира.

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра, за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на“Курир.”

Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на“Курир”, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Зошто Курир петнаесет дена крие кој и на каков начин го финансира? Што крие „Курир“?

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспаретно, непристрасно и одговорно работење а тоа за “Курир” очигледно не постои.

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира „Курир”, се вели во соопштението на СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата