СДСМ: Зошто игнорантски и реваншистички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон Општина Куманово?

Од:

СДСМ реагира на прес конференцијата и обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот на Куманово не реализирал ништо од ветувањата.

СДСМ констатира дека неискрените политики и неискрениот однос кон граѓаните на Општина Куманово од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема крај.

СДСМ прашува:

Зошто односот на министерствата на ВМРО-ДПМНЕ кон Општина Куманово е крајно игнорантски и реваншистички, особено на Министерството за финансии?

Дали граѓаните на Куманово ги чувствувате како Ваши и дали се уште не можете да се освестите од поразот на локалните избори во Куманово?

Објаснете им на кумановчани со какви пресуди се задолжува општината за предмети постари од 30 години и како се манипулира со цената на водата.

Зоран Дамјановски и СДСМ, велат, имаат визија за Куманово, Зоран Дамјановски заедно со граѓаните на Куманово трипати по ред го победуваат ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ го повика ВМРО-ДПМНЕ по повод 2-ри август, да дојде на пуштањето во употреба на неколку инфраструктурни објекти, со цел да се уверат дека Зоран Дамјановски има визија за својот град.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?