СДСМ: Зошто Груевски не прифаќа европски закон за медиумите?

Од:

„Цели 10 години провладините медиуми ги лажат граѓаните, наместо да ја соопштуваат вистината. Ги трујат граѓаните со виртуелна реалност што не постои додека речиси пола Македонија се исели, а мнозинството од неиселените, живеат во незапаметена сиромаштија досега!

И додека над 180 илјади граѓани живеат се борат за основна егзистенција, а над 500 илјади живеат на работ на сиромаштијата, за три години во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа за ширење на владиниот популизам завршиле 13 милиони евра, пари на граѓаните.

Молкот на Сител, Канал 5 и Алфа за катастрофалните состојби во државата е платен со вртоглави милионски суми пари на граѓание.

Вкупна минутажа на прилози во вести

Резултатите од мерењата на прилозите коишто се пласираат во јавност се запрепастувачки.

Имено, за период од десет дена, 21.01 до 31.01.2016 година, емитувани се позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Канал 5 во времетраење од 7.748 секунди, на Сител 11.917 секунди, Алфа 3.976 и МРТ 5.203 секунди.

Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ нема.

Дополнително, емитувани се негативни прилози за СДСМ на Канал 5 во времетраење од 4.633 секунди, на Сител 10.154 секунди, на Алфа 3.407 и на МРТ 486 секунди.

Позитивни вести за СДСМ на Канал 5 во времетраење од 525 секунди, на Сител 19 секунди, на Алфа не се емитувани позитивни вести, додека на МРТ 285 секунди.

Медиумскиот мрак, пропагандата и медиусмките хајки се платени со пари на граѓаните.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа европски закони за медиумите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“