СДСМ: Зошто Груевски не ги споменуваше граѓаните додека бираше Мерцедес, купуваше плацеви и земаше провизии?!

Од:

„Кога веќе ВМРО-ДПМНЕ и обвинетиот Никола Груевски толку многу се повикуваат на народот и на граѓаните, редно е да одговорат:

Дали Груевски заедно со граѓаните одлучуваше во каков Мерцедес купен со нивни пари да се вози?

Дали заедно со граѓаните одлучуваше кој плац на Водно да го купи и колкав потпорен ѕид да изгради за да не го гледаат граѓаните?

Дали заедно со целиот народ бираше очила од 60 илјади долари?!

Дали излезе пред народот да го праша колку милиони евра провизија да земе од кинеска компанија за автопатиштата?

Дали ги праша граѓаните кога менуваше ДУП-ови и ГУП-ови како ќе му текне, и кога им фрли над 667 милиони евра за гипс и стиропор?

Дали го консултираше народот кога го градеше барокниот дворец – седиште на ВМРО-ДПМНЕ, од 4 илјади метри квадратни, со огромни портрети од самиот себеси?!

Каде му беа граѓаните на Груевски кога одеше по луксузни одмори и го шеташе светот со народни пари?

Дали го праша народот кога ги купуваше четирите стана?

Дали заедно со граѓаните ги чекаше парите од продажбата на „Македонска банка“ – дел жирално, дел на рати?!

Дали Груевски ќе ја сподели со народот „тајната формула“ за заштедите од 10.000 евра месечно со плата од 1.400 евра?

Граѓаните одамна го прочитаа обвинетиот Груевски и само го чекаат 11 декември за да го испратат во политичката историја, и да му остават слободно време за да оди на суд и да се подготвува за својата одбрана“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ