(ВИДЕО) СДСМ: Зоран Заев е најболната точка на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ смета дека нема ништо незаконско во јавните набавки во општина Струмица спроведени од градоначалникот Зоран Заев и оти не држат обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за непотизам при нивното доделување.

– За градоначалникот на Струмица Зоран Заев од ВМРО-ДПМНЕ слободно можат да појдат во градот да видат што има тој направено и да го прашаат секој граѓанин таму што мисли за него. Зоран Заев е најболната точка на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие немаат ни приближно добар градоначалник како него.

– Наместо да пласира глупости за Зоран Заев и да ја дефокусира јавноста од реалните животни проблеми на граѓаните, министерот за образование Спиро Ристовски треба да се позанимава со своите обврски и да објасни зошто во Македонија образованието е бесплатно само во скапо платените реклами. Во реалноста, нема бесплатно образование.

– Што се однесува до денешните обвинувања упатени кон претседателот Заев, и ние и јавноста сме свесни дека доколку има нешто незаконско во јавната набавка за којашто ВМРО-ДПМНЕ држеше прес конференција, немаше да говори Спиро Ристовски, туку Владата и владините институции веднаш ќе отпочнеа постапки против Заев или членовите на неговото семејство, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната партиска прес-конференција.

Тој нагласи дека за посочената јавна набавка е спроведена јавна аукција, согласно Законот за јавни набавки по што е избрана најповолната фирма.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР