СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Од:

Денеска гледаме дека ЗНАМ слави. Го прославуваат предавството на Македонија за пари. Колаборантот Максим Димитриевски прво ја предаде СДСМ, а сега преку ЗНАМ ја предава Македонија преку договори „мигранти за пари“, велат од СДСМ.

„Денеска дури го поставија и во форма на контра Резолуција која сакаат да ја верификуваат во Собранието. Да примат мигранти за пари после избори, ама тоа да го сокријат преку формулации како „економски работници“ и „нелегална миграција“. Државата нема пари, трезорот се затвора пред време, очајно им треба кеш ама не за граѓаните туку да ги тераат своите бизниси преку наместени тендери. А Македонија да ја држат во изолација. Ова е отворена колаборација на штета на Македонија, нејзината иднина и безбедност. Борбата започна! И нема да престане! Сите ќе одговарате, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО