СДСМ: Жално е што Груевски на Илинден зборува како на партиски митинг

Од:

Социјал-демократите преку соопштение порачаа дека е жално што и на денешниот голем празник, премиерот Груевски во својот говор, наместо да придонесе во афирмирање на идејата за заедништво и единство, не му влеа ни малку надеж на македонскиот народ кој сака да ја види Македонија земјата во ЕУ и НАТО.

„Груевски на Мечкин камен, голем дел од својот говор посвети на величење на лустрацијата што ја спроведува оваа власт како механизам за пресметка со неистомислениците.

– Не водејќи сметка за потребата од обединувачка порака и подавање рака како секоја сериозна власт, барем на овој ден, Илинден, како на партиски митинг, Груевски се реши и во овој говор да ја демонизира опозицијата, со низок партиски речник, на сметка на себевеличење. Со тоа, не одговори на обврската да настапи како премиер на сите граѓани на Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

СДСМ ги повика сите граѓани на Македонија, да се обединат околу идеалите на Илинден и АСНОМ, идеали на слободата за која копнееле генерациите во минатото, а ни е потребна и нам денес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?