СДСМ: Зголеменото мнозинство од 65 пратеници ги избра министрите, нов пораз на Мицкоски

Од:

„Нов дебакл доживеа заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски. Паднаа во вода сите негови лаги за ново парламентарно мнозинство, за распуштање на Собранието кон крајот на месец февруари и предвремени парламентарни избори во мај“, велат од СДСМ.

„Синоќа, на 27-ми февруари, новите министри во Владата беа изгласани со 65 пратеници За и без ниту еден глас против, што претставува зголемување на актуелното парламентарно мнозинство.

10 дена пратениците од ВМРО-ДПМНЕ преку долги и бесмислени дебати, каде зборуваа за се освен за она што е тема, се обидуваа да го пролонгираат изборот на новите министри.

10 дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа изборот на министри и со тоа ја опструираа работата на одредени министерства, на штета на граѓаните, за на крајот, како и многу пати досега, кога дојде време за гласање тие не смогнаа сили ниту да гласаат против предлозите кои толку многу ги критикуваа.

Зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги дека Собранието само што не се распуштило.

СДСМ преку зајакнатото парламентарно мнозинство продолжува со реализација на реформите, на мерките и политиките што се во интерес на државата и граѓаните“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време