СДСМ: Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство ќе стави крај на блокадите на опозицијата и ќе ги донесе важните закони

Од:

„Опозицијата во Собранието со месеци блокира и опструира важни закони од интерес на граѓаните. Како последица на неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието закочени се закони кои го подобруваат стандардот на граѓаните во државата“, соопшти СДСМ.

„Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури.

Тука спаѓаат измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, како и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари.

Ќе се отстранат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат решение за трајно вработување со што ќе стенат правна и економска сигурност.

Стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе го донесе и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

Носењето на овие закони, како и други измени и дополнувања на законите ќе значат поквалитетен живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата.

Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните, време е за ефикасно справување предизвиците пред нас како пандемијата, енергетската криза и секако продолжување по евро-атланстскиот пат на државата.

СДСМ како одговорна и државотворна партија останува на страна на интересите на граѓаните, на интересите на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он