СДСМ: Здравството е во колапс од катастрофалните политики на Тодоров и Груевски

Од:

„Никола Груевски и Никола Тодоров вчера ја признаа високата смртност на бебиња во беровско.

По 10 години власт, Груевски им најави на беровчани привремена гинеколошка амбуланта од јануари, кога повеќе нема да биде премиер.

Груевски и Тодоров не можат да се извлечат со бесплатните прегледи во најава и шетачките амбуланти што ги најавуваат.

Груевски и Тодоров ќе одговараат и тоа не само на бервовчани, туку и пред граѓаните на Дојран каде умираат 30 бебиња на 1.000 живородени, пред граѓаните на Гевгелија каде умираат 18 бебиња на 1.000 живородени, пред родителите во Крушево, Неготино, Радовиш, кои се завиени во црно, пред граѓаните на Македонија.

Срамно е двајцата неодговорни Николи, Груевски и Тодоров, да се правдаат дека причината за смртноста на бебињата е необразуваност на мајките.

Податоците од релевантни истражувања покажуваат дека најголема смртност на бебиња има во општините кадешто недостигаат матични гинеколози и гинеколошки амбуланти.

Безобразно е во 21 век во Македонија да има 630 милиони евра за споменици, да има милион евра тендер за уредничката Ивона Талвеска, ама да нема лекари и амбуланти.

Во Македонија, во 21 век умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Тоа е резултат на тендер политиките на Груевски и на Тодоров.

Умираат пациенти, се пука во лекари, болниците се руина, апаратите се или расипани или во кутии.

Здравството е во колапс од катастрофалните политики на Тодоров и Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски