СДСМ: Зборовите на Мицкоски искажани од Жугиќ се вистинското лице на антинародното ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и против НАТО. Тоа се потврдува со аудио снимката на која се слуша Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ зборува дека тие, ВМРО-ДПМНЕ, се бореле против Брисел и Вашингтон рече денеска на прес Стефан Васев од СДСМ.

„Во снимката Жугиќ вели и дека тоа не биле нејзини, туку зборови на Христијан Мицкоски.Антизападниот Мицкоски нема образ да каже дека е против ЕУ и НАТО ниту пред своите сопартијци, па праќа емисари како Жугиќ по општинските комитети како да ги пренесат неговите пораки.
Снимките кои протекоа во јавноста а на кои се слуша гласот на Жугиќ, се вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија против ЕУ и НАТО, против едно општество за сите, партија која блокира и внесува поделби меѓу граѓаните“ – вели Васев.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски