СДСМ: Зборот е збор, уште една победа на демократска Македонија

Од:

„Демократска Македонија предводена од Зоран Заев денеска извојува уште една победа за враќање на правдата во нашата земја, уште една нова капитулација на Никола Груевски.

Под притисок на сите слободоумни граѓани коишто се на нозе, за враќање на слободата, демократијата и правдата, лицето Ѓорге Иванов целосно ги поништи сите срамни, незаконски и неуставни одлуки за аболиции.

Со тоа се потврди дека се што кажавме е точно.

Одлуката за аболиција Иванов ја донесе по нарачка на Никола Груевски, во обид да ја спаси криминалната власт од одговорност.

Но, заедно со граѓаните не дозволивме тоа да се случи. Не може да има селективна правда, законите мора да важат за сите.

Зборот е збор.

Рековме, срамните, неуставни аболоции мора целосно да се поништат. Тоа се случи.

Рековме, има Уставен и законски основ за свикување на Парламентот. И тоа се случи.

Рековме дека нема да има криминални избори на 5-ти јуни. И тоа се докажа.

Ако досега на некого не му беше јасно од денеска ќе им стане јасно на сите:

Правдата ќе се врати, законите ќе важат за сите подеднакаво. Секој што го прекршил законот ќе одговара!

Нема спас ниту за Никола Груевски ниту за неговото друштво.

Зборот е збор“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар