А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Збогум господине „дил-ориентед“!

by А1он11/11/2015 - 18:4257
Share0

„Дали Владимир Пешевски сака да му го чува стравот на Никола Груевски од губењето на власта или својот страв? Тоа e оној Владимир Пешевски за којшто Никола Груевски рече дека е „дил -ориентед“, во еден од објавените разговори од проектот Вистината за Македонија.

Добивај вести на вибер

Катастрофалните економски разултати се главна одлика на господинот „дил-ориентед“ и неговиот надреден, Никола Груевски. Поради нивните „дил-ориентед“ политики 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе, според официјални податоци на Светска банка.

Поради Никола Груевски  над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден. „Дил-ориентед“ политиките на Груевски и Пешевски затворија над 10 илјади фирми во земјава а секоја трета фирма е со блокирана сметка. Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа. Дури и Народна банка објави официјални податоци дека во јуни и јули оваа година, странските инвестиции се на рекордно ниско ниво во цела Европа, дури и зад Косово.

Промените за подобар живот и нови работни места доаѓаат на 24-ти април, по победата на СДСМ.
Граѓаните ќе го изберат Зоран Заев затоа што ќе ги врати европските вредности во Република Македонија и она што ВМРО-ДПМНЕ им го зема на граѓаните во изминатите 10 години.

На 24-ти април, победува европска Македонија. Македонија порачува: збогум Никола и збогум за твоето друштво“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто