СДСМ: Заврши времето на злоупотреби и притисоци врз администрацијата

Од:

СДСМ во реакција на денешната прес-конференција на Невенка Стаменковска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ порачува дека завршило времето на злоупотреби и притисоци врз администрацијата и потенцира оти реформите обезбедуваат професионални институции.

– Партизацијата, злоупотребата, уцените и притисокот врз вработените во администрацијата беше една од главните одлики на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да бидат сервис на граѓаните, преку масовната партизација и злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ, институциите се претворија во сервис за исполнување на желбите на Груевски и соработниците. Заврши времето на злоупотреби и притисоци врз институциите од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата.

Според СДСМ, почнатиот реформски процес на ослободување на партизираните и заробени институции обезбедува независни и професионални државни институции што работат во интерес на граѓаните.

– Никогаш повеќе нема да се повтори институциите да им служат на партиите, наместо на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. По промените на локалните избори, таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на инстуциите во рамки на локалната власт, наведува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он