СДСМ: Затворањето на Утрински весник е доказ зошто Македонија е последна на Балканот по медиумски слободи

Од:

„Најавеното затворање на Утрински весник е уште еден доказ зошто Македонија е на дното на Балканот по медиумски слободи и зошто се неопходни демократски промени и конечна заштита на слободата и професионалното работење на новинарите и медиумите.

Неспособноста на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со своите слабости и неприфаќањето на ниту една конструктивна критика, резултираше со невидени притисоци кон медиумите, новинарите и сопствениците. Заканите, тужбите, апсењата, затворањата и насилната реторика кон одредени новинари и цели медиуми од страна на власта во заминување, ја турна Македонија на дното на Европа по медиумски слободи. Затоа Македонија и во последниот извештај на Репортери без граници е рангирана како последна на Балканот!

Затворањето на Утрински весник дополнително ќе го намали рекордно нискиот рејтинг на Македонија по слобода на медиумите.

Ударите врз професионалното новинарство и притисоците врз нив мора да завршат.
Повеќе никој да не помисли како оваа режимска власт во заминување да врши каков било притисок кон кој било медиум, новинар или сопственик на медиум.

Демократските процеси мора да продолжат. Тие гарантираат слобода на медиумите и заштита на новинарите од какви било закани.

Македонија заслужува професионално и одговорно новинарство.

СДСМ како одговорна партија ги поддржува новинарите и медиумите и се заложува и ќе се заложува за почитување на слободата на говор и слободата на медиумите коишто се врвна демократска вредност во едно цивилизирано општество“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски