СДСМ: Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет, оние кои ги прекршуваат протоколите ќе бидат санкционирани

Од:

„Високите бројки на новозаразени со коронавиусот како во државата, така и и во регионот и Европа, покажува дека започна очекуваниот есенски бран, со којшто може да се справиме само со строго почитување на мерките.

Најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е носењето маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Нема никаков простор за прекршување на мерките, ниту толеранција за тие кои свесно, преку погазување на протоколите и мерките, предизвикуваат ширење на коронавирусот“, велат од СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести. Со овие измени сите инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите.

Со новите законски измени, овластување за изрекување на забрана за работа и прекршочен платен налог ќе добијат и Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и другите инспекторати на централно и локално ниво.

Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти.

Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет. Во овој период од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи за да се заштити здравјето на секој граѓанин.

Ниту здравствените работници, ниту другите надлежни служби, оваа битка не можат да ја извојуваат сами.

Да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно, битката против невидливиот непријател мораме да ја водиме сите заедно, без исклучок“, соопштуваат СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат