А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет, нема толеранција за прекршителите на протоколите и мерките

by А1он13/10/2020 - 09:29186
Share0

„Со зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавиусот може да се справиме само со строго почитување на мерките за заштита на личното и јавното здравје – носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет. Од почитувањето на мерките за лична заштита и здравствените ковид протоколи зависи дали ќе се воведуваат дополнителни рестрикции.

Во сериозната состојба со трендот на раст на инфицирани, нема толеранција за прекршителите на мерките, ниту толеранција за тие кои свесно, преку погазување на протоколите и мерките, предизвикуваат ширење на коронавирусот“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Владата предводена од СДСМ, на барање на инспекцискиот совет усвои измени на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои инспекциски служби добиваат нови, поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид протоколите.

Следете a1on на Youtube YouTube

Доколку инспекторите утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена на правните субјекти.

Коронавирусот не штеди никого, никој не е имун, затоа од исклучителна важност е почитувањето на сите здравствени ковид протоколи и заштитни мерки за да се заштити здравјето на секој граѓанин.

Ниту здравствените работници, ниту другите надлежни служби, оваа битка не можат да ја извојуваат сами.

Да се обединеме и да се поддржиме меѓусебно, битката против невидливиот непријател мораме да ја водиме сите заедно, само заедно ќе го победиме“, соопштува СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:43

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 13:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 11:58

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео