СДСМ: Зарем мислите дека прилепчани не паметат што ветуваше Ристески пред 4 години?

Од:

Господо од ДПМНЕ, до кога со вашите манипулации ќе ги потценувате и навредувате прилепчани? Зарем мислите дека прилепчани не паметат што ветуваше Ристески пред 4 години? Марјан Ристески, во 2009 вети дека до крајот на неговиот втор мандат, ќе никнат 37 нови фабрики со илјадници нови работни места во слободната зона „Алинци“, реагираат од СДСМ.

Не само што се покажа дека безсрамно лажете, велат тие, туку сега измислувате нови слободни зони. Разберете, граѓаните повеќе не ви веруваат. Каде се денес фабриките? Каде се новите вработувања? Се сликавте, пресковте ленти и се така оставивте. Не направивте ниту основна инфраструктура. Слободната зона „Алинци“ денес е иста како и во 2009 – празна ливада. Барем да ја заградевте.

Економска зона „Алинци“ во 2011 (2)

На 24 март прилепчани ќе кажат едно големо НЕ за вашите злодела со кои направивте рекордна невработеност во Прилеп, од над 41 %, град на беда и сиромаштија, со најмалку инвестиции во Р.Македонија.

Економска зона „Алинци“ во 2011

Прилепчани се одлучија за Хари Локвенец- успешен и докажан човек со реални проекти за нови работни места. Човек кој има тим и програма, за достоинствен живот на прилепчани. Проектите за гасифициран Прилеп и 500 микроакумулации гарантираат најмалку 5,000 нови работни места. Затоа Прилеп ќе заокружи 42! За нова надеж и промени.

Економска зона „Алинци“ во 2013

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните