Бичиклиски: СДСМ заплеткана во бизнис игрите на кланот Заеви

Од:

„Зоран Заев ја третира општина Струмица како лична своевина. СДСМ заплеткана во бизнис игрите на кланот Заеви ја исполажа целата јавност. Ова на прес конференција го кажа Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, според кого  СДСМ свесно манипулирала дека фирмата Еленица во сопственост на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев, нема никава врска со општина Струмица.

„ Фирмата Еленица на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев со општинското претпријатие во Струмица Комуналец кое е под надлежност на Општина Струмица има вклучено две јавни набавки во вкупна вредност од 1 871 980 денари“, рече Бичиклиски и покажа документи.

Според него, првата јавна набавка  склучена со фирмата на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев, договорена на 01.06.2009 година ја врши Панче Орцев, кој во тоа време бил директор на ЈП Комуналец истовремено и претседател на ОО СДСМ – Струмица.

„Панче Орцев е поставен од Зоран Заев на местото директор на струмички Комуналец, а денес е пратеник на СДСМ од Струмица. Само оваа јавна набавка е вредна 779.980 ден.

– Значи фирмата на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев вклучува јавна набавка со првиот човек на СДСМ Струмица, кој пак како директор на комуналец е поставен од Зоран Заев. Што од ова е конструкција, што од ова е лага?! Се е поткрепено со документи и факти.

– СДСМ е во паника и мислат дека со лаги ќе ги покријат бизнисите на Кланот Заеви, кои се одвиваат врз грбот на струмичани. Многу јасно и многу очигледно е дека Зоран Заев преку фирмите на неговото семејство ги врти парите во круг“, рече Бичиклиски.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст