СДСМ: Законските измени важат и за проектите финансирани од ЕУ а не само за коридорите

Од:

„Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како железници, гасоводи и други важни инфраструктурни проекти“, соопшти СДСМ.

„Тука спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции. Коридорот 8, ЕУ веќе го карактеризира како европски коридор со геостратешко значење.

Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д.

Ова е најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра. Од тие средства, најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши, домашни компании.

Со изградбата на коридорите македонската економија добива пристап до две нови пристаништа, она во Драч и она во Бургас и наместо кружен тек, конечно станува вистинска крстосница.

Покрај унапредување на инфраструктурата, изградбата на овие коридори, носи и економски придобивки, со отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема