СДСМ: Законот важи за сите

Од:

„Никола Груевски многу добро знае дека според законските одредби на секој избран министер му следува дипломатски пасош.

Или Груевски мисли дека може да ги дели дипломатските пасоши зависно од неговата лична желба, како што се случуваше во изминатите години?

Граѓаните добро го паметат последниот сериозен скандал со незаконското издавање на диплиматски пасош на Сашо Мијлков, братучедот на Никола Груевски.

Покрај одговорноста за овој огромен скандал прашање коешто дополнително треба да се утврди е уште колку вакви дипломатски пасоши издало МНР по налог на Никола Груевски и за какви цели.

Неодговорено остана и прашањето дали Сашо Мијалков го користел дипломатскиот пасош кога беше приведен на аердромот во Белград поради незаконско носење пиштол?

Медиумските курири можат слободно да продолжат да лажат. Но, нема повеќе МВРО-ВМРО.

СДСМ заедно со граѓаните ја враќа одземената контролна улога на граѓание на Македонија.

Никола Груевски целосно за загуби. Лагите во медиумските курири не може да му помогнат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски