СДСМ: Загрижувачки состојби во македонскта дипломатија

Од:

„Комисијата за надворешна политика на СДСМ, раководена од заменик претседателката Радмила Шекеринска, ја анализираше состојбата во надворешната политика на Република Македонија, во однос на остварувањето на стратешките определби на државата на надворешен план.

Констатирано е значајно назадување на позицијата и угледот на Република Македонија на овој план, од година во година, со јасни белези за изолација и доведување во опасност на интегритетот, самостојноста, безбедноста и развојот на земјата, како и бесперспективност на нејзините граѓани.

Како суштински елементи за овие состојби се неконзистентната надворешна политика на актуелната Влада на РМ и маргинализацијата на дипломатската структура во креирањето, координирањето и реализацијата на стратрешките цели за интеграција на Р. Македонија во ЕУ и во НАТО. За нивна реализација потребно е создавање на обединувачки основи и единство во државата, за што Комисијата подготви Нацрт-Стратегијата за надворешната политика на Република Македонија.

Комисијата за надворешна политика на СДСМ ги разгледа и подготвените решенија за осовременување на дипломатската структура, со цел одговарање на предизвиците во динамичните меѓународни односи, а за квалитетна одбрана на интересите на државата во странство и со странски субјекти“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата