СДСМ: Загаден воздух поради кримнално-тендерските зделки на фамилијата

Од:

„Граѓаните во Македонија секојдневно дишат загаден воздух со штетни и канцерогени ПМ 10 честички.

Податоци од мерните станици покажуваат дека загадувањето на воздухот во скопско Лисиче е 6 пати над дозволеното, Гази Баба 4 пати, во Битола 6 пати, а во Тетово 8 пати на дозволената граница. Во Кавадарци е 5 пати над дозволеното, Велес 3 пати, а Кичево 4 пати над дозволеното.

Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените честички.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици а половина година граѓаните на Скопје дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Цели 10 години Груевски, Мијалков и фамилијата мислеа само на личното богатење, тендрите за споменици, матните зделки, плацевите на Водно…

Граѓаните се гушат во загаден воздух поради кримнално-тендерските зделки на фамилијата.

За крај тој порача дека вратите на СДСМ се широко отворени и и ги повика граѓаните да се приклучат во оваа битка, во која нема друга опција, освен смена на оваа ненародна власт и враќање на слободата, правдата, еднаквоста и солидарноста“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите