СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ виновни се странските компании

Од:

„Како што се зголемува паниката во врвот на ВМРО-ДПМНЕ така партијата соопштува се поголеми небулози.

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини странските компании дека се виновни што Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

Пред неколку дена на ВМРО-ДПМНЕ и беше виновна Светска банка којашто објави податок дека 626.312 граѓани заминале од земјава, пред се млади, образовани луѓе.

Денес за ВМРО-ДПМНЕ виновници се странските компании.

Граѓаните не можат да се изначудат што слушаат.

Ете затоа граѓаните не му веруваат ниту на Никола Груевски ниту на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните многу добро знаат дека токму поради промашените економски политики на Никола Груевски Македонија е на дното по странски инвестиции во Европа.

Дури и Народна банка објави официјални податоци дека во јуни и јули оваа година, странските инвестиции се на рекордно ниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово.

Доволно граѓаните е да погледнат во својот џеб, во својот фрижидер и да видат колку им е намален стандардот, колку е зголемена сиромаштијата во Македонија.

Поради Никола Груевски над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден. Поради Никола Груевски над 10 илјади фирми се затворени а секоја трета фирма е со блокирана сметка.

Доста е. Промените за подобар живот и нови работни места доаѓаат на 24-ти април, по победата на СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски