СДСМ: За три дена кампања, три големи лаги на Силјановска кон граѓаните

Од:

„За само три дена од почетокот на кампањата за претседателските избори, кандидатката на Христијан Мицкоски и Никола Груевски, Гордана Силјановска, три пати ги излажа граѓаните.

Силјановска лаже дека е натпартиски кандидат, а всушност е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Не може ниту штаб да отвори без присуство на Мицкоски чиј што кандидат е.

Силјановска лаже дека е за правда, а брани криминалци и насилсници. Дури и слоганот и лажен и лицемерен.

Лаже Силјановска дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата, а официјален документ покажува дека е потпишана на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.

Неприфатливо е претседателски кандидат да ги лаже, да ги манипулира гласачите, да говори едно, а друго да прави.

Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат лицемери и партиски послушници да застанат на чело на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“