СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

Од:

СДСМ откри нов скандал со расипничко трошење пари на грaѓаните во општина Неготино, каде што за изградба на пазар се исплаќале астрономски суми. Според достапните податоци, општина Неготино склучила договор со фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ, омилена фирма на ДПМНЕ, во вкупна вредност од околу 420.000 евра за изградба на пазар, класифициран како „урбана опрема“, велат од СДСМ.

„Она што е крајно сомнително е делот за кровопокривачки работи. За само еден квадратен метар сендвич панел, општината платила 10.000 денари, додека реалната пазарна цена, заедно со работната рака, не надминува 2.000 денари.

Тоа е разлика од 8.000 денари – или околу 130 евра – за секој квадратен метар. За 440 квадратни метри, тоа значи 60.000 евра повеќе од реалната вредност – само за покривот!

Овие податоци отвораат сериозни сомнежи за организирано испумпување пари на граѓаните. Петпати повисоки цени за само една ставка во тендер е огромен скандал. СДСМ бара итна истрага и одговорност! Го повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапат согласно своите надлежности и да го истражат овој случај, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО