СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

Од:

Менде Илиевски, советник во Советот на општина Битола на денешната прес-конференција изјави дека откриен е скандал со брутална партизација во ЈП Државни патишта од страна на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец, Трајановски и ДПМНЕ го назначуваат Миланчо Митревски.

„Митревски е познат по изречени казни по дисциплински постапки за злоупотреба на службената положба. Еве го документот – Решение за дисциплинска постапка. Митревски во неколку наврати наплаќал повеќе пари од патарина на граѓаните кои поминувале преку наплатните рампи и вишокот го земал за себе. Од 20 до 200 денари, но и евра, Митревски наплаќал повеќе а парите си ги задржувал за себе. Тоа народски се вика грабеж. Е сега замислете, човек што бил фатен со малверзации на работно месо, како зема пари на наплатна рампа за себе Трајановски и ДПМНЕ го назначуваат за шеф на контрола“, рече Митревски.

Тој додаде дека согласно прописите и одредбите на ЈПДП Митревски не ги исполнува условите да биде шеф на контрола.

„Ова е брутална партизација и поставување несоодветни кадри на одговорни позиции.Но, Миланчо Митревски е очигледно партиски подобен и тоа што е сопруг на советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Oпштина Велес, Бети Митревска. Дали ВМРО ДПНЕ преку вакви шеми планира да испумпува пари од граѓаните кои после или ќе завршуваат во нечии џебови или во партијата?“, праша Митревски.

Тој побара Коце Трајановски веднаш да го разреши Митревски и да избере професионален, чесен и соодветен кадар за ова работно место.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?