СДСМ: За прв пат Општина Ѓорче Петров свечено не го одбележа 11-ти Октомври

Од:

„Сакаме да ја известиме јавноста, дека за  прв пат во Општина Ѓорче Петров, од страна на општинската власт, не беше свечено одбележан празникот 11 Октомври – Ден на Македонското Народно Востание.

Сакаме да го прашаме Градоначалникот Сокол Митровски, кој целиот свој живот ги уживал сите благодети од успехот на НОБ и на тој начин ја градел и својата професионална кариера, дали ваквиот игнорантски однос кон најсветлиот период од нашата историја се должи на влијанието на претседавачот на Советот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој уште пред четири години на својот Facebook профил партизаните ги прогласи за „поголеми окупатори и од фашистите“ или истото претставува официјална политика на актуелната власт во Ѓорче Петров?

Господине Сокол Митревски, на граѓаните на Ѓорче Петров им должите одговор на ова прашање!

А, ние, советниците од СДСМ сакаме да потсетиме: нашата денешна слобода им ја должиме на храброста, патриотизмот и пожртвуваноста на борците од НОБ! Нивното дело вечно ќе го славиме“, изјави на денешната пресконференција Снежана Трајковска, координатор на Советничка група на СДСМ во Општина Ѓорче Петров.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски