СДСМ: За поздравување е ставањето крај на самоволието и бесправното поставување објекти и споменици во Скопје

Од:

„Отстратнувањето на т.н. споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето, дивоградба бесправно поставена од страна на претходната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, става крај на самоволието и незаконитоста во поставувањето објекти и споменици во Скопје.

Заврши времето на своеволно и незаконско поставување на споменици коишто служеа за создавање поделби меѓу граѓаните и остварување на криминални интереси, спротивни на интересите на граѓаните на Скопје.

Овој незаконски поставен споменик со години предизвикуваше негативни реакции во јавноста и поради локацијата на којашто беше поставен и поради негативната симболика со неговата контроверзна страна на историјата.

Сосема непринципелно и несоодветно е споменик на контроверзна историска личност, позната по својата суровост, да биде поставена пред зградите на највисоките судски органи во коишто граѓаните ја бараат правдата и ги остваруваат своите граѓански права.

Засадувањето на Дрвото на човековите права, на местото на споменикот на една негативна односно контроверзна личност, е потврда на заложбата на демократските, прогресивни сили во општеството за владеење на правото и правда за сите, што треба да резултира со создавање на независен, професионален и неселективен судски систем што ќе работи во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус