СДСМ: За пет отсто повисоки плати за здравствените работници од месец јануари, инвестиции и во нова современа опрема

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестирање во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани. Здравствените работници ќе добиваат за пет отсто повисоки плати веќе од овој месец. Со СДСМ за овие четири години основната плата на лекарите специјалисти се зголеми за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25 отсто, на здравствените соработници за 15 отсто“, соопшти СДСМ.

„Го корегиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.

Покрај инвестициите во човечкиот капитал, се инвестира и во опремување и реновирање на здравствените установи.

Охридскиот регион добива апарат за магнетна резонанца кој е поставен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Апарат за магнетна резонанца е поставен и во Струмица, како и во Институтот за радиологија во Скопје, а Општата болница во Кичево доби апарат за компјутерска томографија.

Од Клиниката за ортопедија во Скопје целосно се реновирани 1.300 квадратни метри и опремен е Ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, како и одделот за нефрологија на Клиника за детски болести.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализирање на проекти и мерки кои значат грижа за здравствените работници и подобрување на квалитетот на услугите за сите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте