СДСМ: За непотизам ВМРО-ДПМНЕ нека го праша Мицкоски

Од:

„Ако сакаат да зборуваат за непотизам, во ВМРО-ДПМНЕ нека го прашаат нивниот претседател Христијан Мицкоски, како од сите професори на Машински факултет, станал асистент токму кај татко му, со кој патем и заедно пишувале книги и учебници. Нека го прашаат Мицкоски за тоа како и зошто токму тој добил бизнис со хидроцентралите од Владата во која бил ангажиран како советник на неговиот Никола Груевски.

Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни. Сите вработувања се согласно план, програма на самата институција и за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми.

Како што официјално најави, новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе направи анализа и ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана за исходот.

СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да се доведе во врска со работното место.

Започнат е процес на деполитизирана и департизирана администрација. Тоа значи вработувања според мерит систем, а не според политика или партиска припадност“, се вели во реакцијата на СДСМ на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни