СДСМ: За канцеларии на 180 административци воопшто нема потреба да се трошат над 8 милиони евра

Од:

СДСМ преку соопштение реагираше на денешното поставување камен темелник на новата административна зграда на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

„Никола Груевски продолжува да се занимава само со луксузот и раскошот на барокните згради наспроти реалните потреби на граѓаните.

За канцеларии на 180 административци воопшто нема потреба да се потрошат над 8 милиони евра, пари на граѓаните. Нови простории за АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор може да се обезбедат со многу помалку пари, преку поскромен објект, современ и енергетски ефикасен, согласно најновите стандарди.

Реалните потреби на граѓаните се нови училишта, градинки, современи болници…

Со над 8 милиони евра можеа да се изградат многу училишта, градинки и болници со што вистински ќе им се помогнеше на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?