СДСМ: За Груевски сега и Брисел лаже

Од:

„Според Никола Груевски и Брисел лаже.

Брисел кажа:

Високи претставници и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во судството, медиумите, изборниот процес.

Во корупција се вмешани високи владини функционери.

Има селективна правда, закани врз новинари, има сериозна загриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МТВ.

Тоа се капацитетите на криминално – корупциската власт на Никола Груевски.
Затоа препораката на Европската комисија е условена со реализација на Договорот од Пржино, којшто повеќе не е очекување само на граѓаните на Македонија.
Што не е јасно за Груевски?

Брисел денеска порача дека Европа сака Македонија со европски вредности.
ВМРО-ДПМНЕ не сака таква Македонија.

СДСМ со граѓаните одлучно ја враќа слободна и европска Република Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски