СДСМ: За голем број граѓани на РM вечерва ќе биде најнеизвесната Нова Година којашто ќе ја дочекаат

Од:

„За голем број граѓани на Република Македонијa вечерва ќе биде најнеизвесната Нова Година којашто ќе ја дочекаат.

Снабдувањето со електрична енергија е критично во неколку региони низ државата. Голем број населени места во Западна Македонија се отсечени заради непроодност на патиштата.

До дежурните комисии на СДСМ постојано пристигнуваат информации и апели за помош од граѓаните.

Новаци, Могила, Струга и струшко, Охрид и охридско, Чашка, Маврово Ростуше, Дебар и дебарско, Долнени, Дебарца и многу други вечерва се најзагрозените места во Западна Македнија кои ќе ја дочекаат Новата  година на свеќи и во темнина или завеани и отсечени од снежните наноси.

Од вечерва и термоелектраната Осломеј е надвор од системот. Според информациите коишто ги добиваме континуирано, во термоелектраната нема мазут.

Ситуацијата во РЕК Битола, исто така е алармантна. Дефектите на бренерите за мазут, дополнително ја отежнуваат работата на два од трите блока на термоелектраната и заради тоа често се случуваат испади  од системот за снабдување со електрична енергија.

Во врска со МЕПСО, трансформаторската станица кај Вруток  работи со високи оптоварувања, поточно 110 kV ТС е напојувана само со една далекуводна врска која е преоптоварена и не се знае до кога ќе издржи.  Другата трансформаторската станица, 110 kV ТС е во прекин веќе подолг период.

Ситуацијата во Тетовско Гостиварскиот регион поради ова е критична.

СДСМ има дежурни екипи кои будно ја следат состојбата на теренот, со електроенергетскиот систем во државата и веднаш ќе алармира, во интерес на граѓаните.

СДСМ е со граѓаните додека неодговорната власт, којашто со своите погрешни политики го доведе електро системот пред колапс, се спрема да ја слави Новата Година“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“