СДСМ: За две години изградени над 400 километри водовод и канализација

Од:

„Како одговорна политичка партија со домаќинско работење ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните. Ги решаваме децениските проблеми на граѓаните и одговораме посветено на нивните потреби.

Наместо на стиропор, лажен барок и споменици , инвестираме во надземна инфраструктура и обезбедување на сигурни и безбедни улици и патишта, како и во подземна инфраструктура, во водоводни и канализациски мрежи.

Низ територијата на целата држава, изградивме над 400 километри водоводни и канализациски мержи, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите со средства на локалните самоуправи.

Досега, пуштени се во употреба пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани, а планирани се пречистителни станици во уште 4 општини.

Изградивме нови бунари за водоснабудвање во с. Драгобраште, с. Борино, с. Горно Агларци, како и за прв пат се воспоставени вододни мрежи во населбите Волково, Стопански Двор и Кисела Јабука во Скопје и населбата Балканска во Штип.

Продолжуваме со грижата за граѓаните.

Решаваме децениски, суштински, егзистенцијални проблеми на граѓаните, со донесување на чиста и квалитетна вода за пиење“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“