СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да ја жртвуваат стабилноста на Македонија

Од:

СДСМ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да ја жртвуваат стабилноста на Македонија за да ги задоволат криминалните апетити.

– Порачуваме дека разгорувањето тензии и постапувањето спротивно на Уставот и законите се тешки дела против државните и граѓанските интереси, казниви по закон. Ширењето на лажни вести, насилничката реторика и создавањето поделби меѓу граѓаните, само заради заштита на криминалот е најголемото антидржавно однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За да ги задоволат криминалните апетити и за да се спасат од одговорност, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да го блокираат целиот државен систем и да ја жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето, се вели во реакцијата од СДСМ.

Ниту една лага, се додава, ниту една закана за наводи редефинирања, промена на знамиња и имиња, нема да ја сменат реалноста во која ВМРО-ДПМНЕ е опозиција.

– Граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и законите. Тие во огромно мнозинство избраа промени и заедништво и очекуваат квалитетен живот. Парламентарното мнозинство е должно тоа да им го обезбеди и тоа ќе го направи наскоро преку целосно почитување на Уставот и законите на Република Македонија, се потенцира во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?