СДСМ: За чии интереси ВМРО-ДПМНЕ набавуваше лекови од паралелен увоз со сомнителен квалитет?

Од:

„Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која цела деценија ги уништуваше здравствениот систем, погрешно го менаџираше, ги понижуваше пациентите и лекарите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за чии интереси се набавуваа лекови и инсулини од паралелен увоз со сомнителен квалитет без сертификати во Македонија?

Лошото управување со здравството, неквалитетните инсулини и лекови во Македонија кои ги внесуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ се најсилни причини што граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. Падот на опфатот на имунизација се директна последица од тоа.

СДСМ веднаш штом ја презеде одговороноста да го води здравството го смени законот за лекови и медицински средства.

Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Во Македонија повеќе нема неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа.

Уништувањето на здравството заврши со заминување на ВРМО-ДПМНЕ. Пропустите во изминатите 11 години се уште се чувствуваат но штетите се санираат со брза, навремена и професионална акција на наделжните здравстени институции.

Епидемијата на морбили што се појави е веќе под контрола, се делува конкретно но и превентивно. Резултатите се видливи, во моментов, нема новозаболени.

Граѓаните се навремено и точно информирани, само врз основа на факти и медицински докази.

Вакцините што сега увезуваат се најдобрите, произведени во Белгија и во нив нема причини за сомнеж.

Владата предводена од СДСМ гради современ, оджлив, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој нуди навремена и подобра здравствена услуга, подобри услови за работа на лекарите и ја враќа довербата кај граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни