СДСМ: За цел демократски свет сме успешна приказна, само поразената ВМРО ДПМНЕ навива да не добиеме датум за преговори

Од:

„За цел демократски свет Република Северна Македонија е успешна приказна. Само ВМРО-ДПММНЕ, партијата симбол на криминал и корупција која земјава ја држеше 11 години во заложништво, навива да не добиеме датум за преговори со ЕУ и сонува за враќање во изолиција.

Лидери од Европа нижат пофалби и охрабрување за напредокот, Република Северна Македонија ја посочиваат за пример во решавањата на отворените прашања и упатуваат честитки за лидерството.

Дури и еврокомесарот Хан, посочувајќи го напредокот, рече дека земјава направи многу и додаде дека е единствена во регионот без конфликт со ниту еден сосед.

Поддршка за интегрирање на земјава во НАТО алијансата и Европската унија доаѓаат од сите страни.

Веќе 13 држави го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Само поразената ВМРО ДПМНЕ останува осамена да навива за недобивање на датум за почеток на преговори, да урла против напредокот на земјава.

Наместо лицемерно да зборува за правда ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи продолжувањето со работа на СЈО и да побара расчистување на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Никола Груевски, кој се уште го брани.

Без разлика на навивањето на ВМРО-ДПМНЕ, Република Северна Македонија продолжува напред, кон членство во НАТО и ЕУ“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?