СДСМ: За ангажманот на Мицкоски како советник на Груевски, граѓаните платиле речиси 2 милиони денари

Од:

„Христијан Мицкоски лаже!

Без никаков срам Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните дека за периодот додека го советувал Никола Груевски не добивал пари.

Јавно објавените документи во медиумите покажуваат дека додека Мицкоски му бил советник на Груевски, за неговиот ангажман граѓаните платиле речиси 2 милиони денари.

Се потврди она што граѓаните веќе го знаеја. Христијан Мицкоски ги лаже граѓаните исто како и Никола Груевски.

Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, Христијан Мицкоски ги чинел граѓаните 2 милиони денари.

Затоа Мицкоски го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и не се извини за пустошот што и го направија на Македонија во изминатите 11 години“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат