СДСМ: За 15 отсто се зголемува бодот на матичните лекари, гинеколози и стоматолизи

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките од Програмата шт значат подобри услови за работа на здравствените работници и поголема грижа за граѓаните.

Матичните општи лекари од 1 ноември добиваат зголемување на бодот за капитација од 8 денари или повеќе од 16 отсто од досегашниот износ на бодот за капитација.

Специјалистите стоматолози и гинеколози исто така добиваат зголемување на капитациониот бод за 20 проценти“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Како дел од реформата на примарното здравство на СДСМ, во буџетот се обезбедени 465 милиони денари за зголемување на надоместокот, што го примаат матичните лекари по пациент. Тоа се пари на граѓаните, кои се враќаат како поддршка за работата на матичните лекари за помотивирани здравствени услуги.

Го зголемуваме и надоместокот за приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија. Наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно, односно 15 проценти зголемување.

Висината на надоместокот на приватните специјалисти-ортодонти од 97.000 денари се качува на 111.000 денари месечно, односно приближно 15 проценти зголемување.

Има зголемување на надоместокот за сите останати приватни специјалисти од другите дејности кои имаат договор со Фондот, и тоа зголемување изнесува околу 15 проценти исто така, за што се обезбедени вкупно 62,5 милиони денари.

Ова е една од мерките, која заедно со повисоките плати во секундарното и терциeрното јавно здравство, и со поголемата вредност на дежурствата, со кои се спречува одливот на медицинскиот кадар од јавното здравство, а граѓаните добиваат здравствени услуги со подобар квалитет и со поширок спектар.

СДСМ како одговорна партија, ги реализира своите ветувања, ги враќа парите кај граѓаните и создава услови за поквалитетен живот за сите граѓани.

На прав пат сме, обезбедуваме раст на платите во здравството на сите нивоа, ја унапредуваме здравствената заштита и грижата за граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“