СДСМ: Времето кога криминалот цветаше заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Од:

„Времето кога криминалот цветаше по улиците и по партизираните институции заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Нема повеќе МВРО-ВМРО, партиски штабови во МВР, заштита на криминалот. Заврши партизацијата на полицијата, сокривањата убиства и селективноста пред законите.

Неспособното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да шири неоснована паника меѓу граѓаните.

Полицијата денес работи одговорно, независно и професионално и е вистински партнер и заштитник на граѓаните.

Стапката на криминал се намалува, а надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите. Граѓаните се сигурни и безбедни.

Тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење. Согласно истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни.

Министерството за внатрешни работи продолжува да работи професионално, ефикасно и независно во служба на законите и интересите на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата